Свет
АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
Случајот со смртта на 28-годишната лабораториска работничка Дарија Шипилова во Иркутск добива нова димензија откако уште еден вработен во истиот институт развил пневмонија со неутврдена причина.
Светската здравствена организација (СЗО) побара дополнителни информации од руските власти и за вториот случај, како и појаснување за причината за смртта на Шипилова. Засега нема официјална потврда дека станува збор за пневмониска чума, ниту докази за ширење на инфекцијата меѓу населението.
Руските власти категорично негираат дека во Иркутск е регистриран случај на чума. Роспотребнадзор соопшти дека тестирањата на контактите на починатата не покажале присуство на Yersinia pestis или друг опасен патоген. Околу 200 лица биле ставени под медицински надзор или карантин.
СЗО соопшти дека внимателно ја следи ситуацијата и повика на навремено и транспарентно споделување информации. Организацијата проценува дека ризикот за општата популација засега останува низок, без докази за одржлив пренос од човек на човек.
Случајот привлече внимание и во Вашингтон. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД внимателно ја следат ситуацијата и најави разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Државниот секретар Марко Рубио, пак, повика на поголема транспарентност, но предупреди дека во моментов не треба да се извлекуваат заклучоци без дополнителни информации.
Иако случајот предизвика стравувања од нова пандемија, досега нема докази за широка епидемија или лабораториски инцидент. Европските здравствени власти засега не препорачуваат ограничувања за патувања, а ECDC наведува дека нема докази за континуиран пренос на инфекцијата.
-
Маврово и ростушеПред 7 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки