Connect with us

Спорт

Перез уверен: Во Ред Бул се каат што ме отпуштија!

Серхио Перез сигурен: Во Ред Бул се каат што ме отпуштија – тоа веќе се случува! Поранешниот возач на Ред Бул жестоко за разделбата – „Сè се распадна по заминувањето на Адриан Њуи!“


Поранешниот возач на Формула 1, Серхио Перез, отворено проговори за болното заминување од Ред Бул во 2024 година, по разочарувачката сезона. На негово место дојде Лиам Лосон, кој беше заменет по само две трки од Јуки Цунода.

И покрај тоа, и Лосон и Цунода се соочија со истите проблеми што Перез ги имаше, но не успеаја да ги постигнат неговите перформанси.

Во разговор со новинарите, Перез искрено изјави:

„Не, не мислам дека ми должат извинување. Овој спорт е суров. Донесоа одлуки и создадоа притисок што не можеа сами да го издржат. Ќе зажалат – длабоко во себе – и тоа веќе се случува. Знам од сигурен извор. Но, што можам да направам? Одиме понатаму. Тешко е, особено затоа што имам блиски пријатели таму. Не уживам во ова што се случува, навистина не.“

Иако Макс Ферстапен ја освои својата четврта последователна титула, Перез признава дека проблемите во тимот веќе почнуваат да излегуваат на површина:

„Макс го заслужува тоа. Тој е неверојатен возач, а малкумина разбираат што прави на патеката.“

Перез исто така истакна дека неговото заминување не беше единствено. Многу поголем удар за Ред Бул беше разделбата со легендарниот инженер Адриан Њуи:

„Имавме одличен тим. На крајот, сè почна да се распаѓа – полека, но сигурно. Имавме нешто посебно. За разлика од Мерцедес кој доминираше со моторите, ние создадовме сила преку тимска работа и страст. Кога Адриан си замина, вистинските проблеми почнаа да се појавуваат.“

Сподели на:
Маврово и ростушеПред 7 саати .

Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски

НекатегоризираноПред 1 недела .

Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки

МакедонијаПред 1 недела .

Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“

СветПред 1 недела .

АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР

МакедонијаПред 1 недела .

Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите

Маврово и ростушеПред 2 недели .

Над 3 милиони денари вложени во основните училишта во Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 2 недели .

Напредуваат градежните активности на патот за с. Рибница

Маврово и ростушеПред 2 недели .

Сафет Алили ја најави својата прва книга „Позитивна мисла – Водич низ животот“

Локален туризамПред 1 month .

Успешно затворено Светското првенство во риболов на крап во Маврово

Маврово и ростушеПред 2 months .

Среќен почеток на учебната 2026/2027 година во Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 7 months .

Несекојдневна глетка: Мечка и мали мечиња се капат во Радика

КошаркаПред 7 months .

Видео: Тинејџер од Далас испиша историја – урна рекорд што го држеше Леброн Џејмс

КошаркаПред 7 months .

Дончиќ експлодира, Леброн испиша историја: Лејкерс во серија од 8 победи

СпортПред 5 months .

Баерн подготвен за сите сценарија против ПСЖ: Клучен меч во Лигата на шампионите

СпортПред 1 year .

Перез уверен: Во Ред Бул се каат што ме отпуштија!

СпортПред 7 months .

Официјално: Џенаро Гатузо повеќе не е селектор на Италија по историскиот дебакл

СпортПред 5 months .

Мурињо повторно на „Бернабеу“? Реал Мадрид започнал преговори со португалскиот стратег

СпортПред 1 year .

Историска победа за Норис во Абу Даби – Мекларен по 26 години повторно шампион!

АвтомобилиПред 5 months .

Audi го откри ентериерот на новиот Q9: Луксуз, технологија и простор во едно

СпортПред 5 months .

Серхио Рамос станува сопственик на Севилја? Шпанските медиуми објавија договор вреден 450 милиони евра

Trending