Македонија
Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
Се реконструира паркот „Жена Борец“ во центарот на Скопје
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“.
Проектот предвидува целосно обновување на пешачките површини, при што постојните плочки и патеки ќе бидат заменети со мермерни материјали. Со тоа, просторот треба да добие поуреден и репрезентативен изглед, соодветен на неговата локација и значење.
Во рамки на реконструкцијата се предвидува и реставрација на постојната урбана опрема, како и дополнително хортикултурно уредување со кое ќе се збогати зеленилото во паркот.
Како дел од обновувањето, повторно е ставен во функција и Вечниот оган кај фонтаната, кој подолг период не бил активен.
Ѓорѓиевски порача дека Град Скопје продолжува со обновување и редовно одржување на постојните паркови, но и со создавање нови зелени површини.
Целта, како што посочи градоначалникот, е граѓаните да добијат повеќе уредени простори за одмор, прошетки и дружење, достапни за сите генерации.
-
Маврово и ростушеПред 7 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки