Македонија
Велешкото езеро останува без доволна поддршка – волонтерите веќе се исцрпени, а компании не покажуваат интерес да помогнат.
Јавното претпријатие „Лисиче“ распиша јавен повик за чистење на Велешкото Езеро, но ниту една фирма не се пријави за задачата што бара механичко отстранување на органска материја и исушени дрва. И покрај дозволата од Министерството за животна средина, велешкото езеро останува во алармантна состојба. Според Хидробиолошкиот завод од Охрид, водата има ниска класа на квалитет, со присуство на колиформни бактерии и загадување. Минатата година, невладини организации и советници успеаја да исчистат дел од езерото, но решавањето на проблемот бара долгорочни мерки како редовно механичко чистење, контрола на извори на загадување и подобар систем за третман на отпадни води. Вклучувањето на заедницата и стручните служби е неопходно за обновување на езерото.
-
Маврово и ростушеПред 10 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки