Македонија
Проблеми со сметот во Скопје: Граѓаните се изложени на епидемии заради политички игри
Јавноста отворено дискутира дека политичките игри повторно ја загрозуваат безбедноста и здравјето на скопјани, особено поради негрижата околу отпадот – проблем што трае цел мандат на градоначалничката Арсовска. Контејнерите низ повеќето скопски општини се преполни, отпадот се шири по улиците, зеленилото и патеките, што создава алармантна состојба. Микробиологот Никола Пановски посочува дека ваква ситуација не е видена досега: преполните контејнери влијаат негативно не само на физичкото здравје, туку и на психата на луѓето. Иако времето во октомври спречува масовно ширење бактерии, ризици сè уште постојат, особено од инсекти и глодари, како стаорци кои може да пренесат листериоза и други инфекции во урбана средина. Мувите можат да донесат болести во домовите, а граѓаните се изложени на опасноситe од салмонела, дизентерија и други бактериски инфекции.
-
Маврово и ростушеПред 7 дена .Успешна промоција на книгата „Далечни вистини“ од Ениса Мирто
-
Маврово и ростушеПред 1 недела .Промоција на стихозбирката „Далечни вистини“ од Ениса Мирто
-
Маврово и ростушеПред 6 дена .Втора адултицидна дезинсекција против комарци во Маврово и Ростуше
-
Маврово и ростушеПред 27 минути .Терестричка адултицидна дезинфекција на училиштата во Маврово и Ростуше
-
НекатегоризираноПред 16 минути .Среќен почеток на учебната 2026/2027 година во Маврово и Ростуше
-
Маврово и ростушеПред 20 минути .Помош за првачињата: 6.000 денари и училишен прибор во Маврово и Ростуше