Македонија
За само шест часа изречени 600 казни за брзо возење низ Македонија
За шест часа изречени 600 казни за брзо возење низ Македонија
Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија спроведе интензивна акциска контрола на 13 јули 2025 година во периодот од 15:00 до 21:00 часот, насочена кон санкционирање на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина.
Во рамките на оваа контрола, изречени се вкупно 600 санкции за брзо возење. Од нив, 27 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила дури над 70 километри на час повеќе од дозволената граница.
Според статистиката на МВР:
- 349 возачи ја пречекориле брзината во населено место,
- 251 возач ја надминале дозволената брзина надвор од населено место.
Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата и да се намали бројот на сообраќајни несреќи.
Контролите ќе продолжат и во наредните денови низ целата територија на државата.
-
Маврово и ростушеПред 11 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки