Свет
Шарлиз Терон за свадбата на Безос: „Не бев поканета, но нема врска – тие се без врска“
Шарлиз Терон не изгледаше импресионирана од луксузната венчавка на Џеф Безос и Лорен Санчез, вредна 50 милиони долари, која се одржа во Венеција и на која присуствуваа бројни светски ѕвезди.
На хуманитарната забава организирана од нејзината фондација „Charlize Theron Africa Outreach Project“, оскаровката се пошегува за „венчавката на векот“.
Шарлиз Терон: „Не добив покана и тоа е во ред“
„Мислам дека сме единствените луѓе што не добивме покана за свадбата на Безос,“ изјави актерката пред публиката на настан во Лос Анџелес.
Таа додаде со доза на иронија: „Но, тоа е во ред, затоа што тие се без врска, а ние сме супер,“ пренесува Hollywood Reporter.
Благодарност до гостите
Терон им се заблагодари на присутните што одвоиле време да бидат дел од нејзиниот хуманитарен настан, „особено кога се чувствува како светот да гори“.
Венчавката на Џеф Безос и Лорен Санчез
Џеф Безос, основачот на Амазон, и новинарката Лорен Санчез се венчаа во петокот вечерта на островот Сан Џорџо Маџоре во Венеција, Италија. Свадбата, проценета на над 50 милиони долари, беше опишана како една од најгламурозните венчавки на годината, со присуство на бројни славни личности од целиот свет.