Македонија
(ВИДЕО)Голем пожар ја зафати шумата кај Длабочица – вклучени повеќе екипи во гаснење
Голем пожар избувна во попладневните часови во селото Длабочица, во општина Старо Нагоричане, зафаќајќи мешана и борова шума, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во акцијата за гаснење се вклучени:
- Пет вработени од „Национални шуми“
- Осум пожарникари од ТППЕ Старо Нагоричане
- Пет пожарникари и две возила од ТППЕ Ранковце
Командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Далибор Трајковски, изјави дека:
„Пожарот започна по 13 часот. На терен излеговме со две противпожарни возила, а помош ни пристигна и од Ранковце. Гаснењето продолжи и утринава со дополнителни екипи од Куманово.“
Пожарникарите и шумската служба и денес се на терен, работат на локализирање и спречување на проширување на огнот, бидејќи теренот е тежок и исполнет со сув материјал.
-
Маврово и ростушеПред 7 дена .Успешна промоција на книгата „Далечни вистини“ од Ениса Мирто
-
Маврово и ростушеПред 1 недела .Промоција на стихозбирката „Далечни вистини“ од Ениса Мирто
-
Маврово и ростушеПред 6 дена .Втора адултицидна дезинсекција против комарци во Маврово и Ростуше
-
НекатегоризираноПред 26 минути .Среќен почеток на учебната 2026/2027 година во Маврово и Ростуше
-
Маврово и ростушеПред 37 минути .Терестричка адултицидна дезинфекција на училиштата во Маврово и Ростуше
-
Маврово и ростушеПред 30 минути .Помош за првачињата: 6.000 денари и училишен прибор во Маврово и Ростуше