Connect with us

Македонија

Данок за немажени и неженети во Македонија? Мицкоски најави драстични мерки за спречување на демографската криза!

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски најави радикални мерки како одговор на влошената демографска слика – меѓу нив и можноста за воведување данок за немажени и неженети лица.

На дебата во Владата посветена на демографските предизвици, Мицкоски изјави дека Македонија се соочува со алармантен пад на населението:

„За четири години изгубивме над 33.000 жители – како да исчезна град колку Кавадарци или Кичево. Стапката на наталитет постојано опаѓа, се раѓаат сѐ помалку деца, а сѐ повеќе луѓе остануваат сами.“

Во 2024 година се родиле само 16.061 деца, а починале 20.201 лице, што претставува природен пад од 4.140 луѓе во една година.

Воведување на данок за самци?

Мицкоски рече дека Владата сериозно размислува за дополнителен данок за оние кои не стапиле во брак. Целта е поттикнување на формирање семејства, за да се прекине долгорочниот пад на населението.

„Нема магично решение, но има државничка борба. Време е да изградиме држава каде мајчинството е благослов, а не товар, каде што надежта ќе биде поважна од пасошот“, истакна премиерот.

Проблем што го тресе и Европа

Македонија не е единствена соочена со оваа криза – слични трендови има во Германија, Италија, Бугарија, Јапонија и Јужна Кореја. Но, Мицкоски предупредува:

„Додека кај другите ова е тренд, кај нас е аларм. Во многу села веќе нема ни прво одделение.“

Сподели на:
Маврово и ростушеПред 9 саати .

Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски

НекатегоризираноПред 1 недела .

Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки

МакедонијаПред 1 недела .

Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“

СветПред 1 недела .

АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР

МакедонијаПред 1 недела .

Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите

Маврово и ростушеПред 2 недели .

Над 3 милиони денари вложени во основните училишта во Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 2 недели .

Напредуваат градежните активности на патот за с. Рибница

Маврово и ростушеПред 2 недели .

Сафет Алили ја најави својата прва книга „Позитивна мисла – Водич низ животот“

Локален туризамПред 1 month .

Успешно затворено Светското првенство во риболов на крап во Маврово

Маврово и ростушеПред 2 months .

Среќен почеток на учебната 2026/2027 година во Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 7 months .

Несекојдневна глетка: Мечка и мали мечиња се капат во Радика

КошаркаПред 7 months .

Видео: Тинејџер од Далас испиша историја – урна рекорд што го држеше Леброн Џејмс

КошаркаПред 7 months .

Дончиќ експлодира, Леброн испиша историја: Лејкерс во серија од 8 победи

СпортПред 5 months .

Баерн подготвен за сите сценарија против ПСЖ: Клучен меч во Лигата на шампионите

СпортПред 1 year .

Перез уверен: Во Ред Бул се каат што ме отпуштија!

СпортПред 7 months .

Официјално: Џенаро Гатузо повеќе не е селектор на Италија по историскиот дебакл

СпортПред 5 months .

Мурињо повторно на „Бернабеу“? Реал Мадрид започнал преговори со португалскиот стратег

СпортПред 1 year .

Историска победа за Норис во Абу Даби – Мекларен по 26 години повторно шампион!

АвтомобилиПред 5 months .

Audi го откри ентериерот на новиот Q9: Луксуз, технологија и простор во едно

СпортПред 5 months .

Серхио Рамос станува сопственик на Севилја? Шпанските медиуми објавија договор вреден 450 милиони евра

Trending