Шоу Бизнис
Никола Станишиќ од Скопје ја освои Балканската сцена со емотивен настап посветен на жртвите од пожарот во Кочани
Никола Станишиќ од Скопје се искачи на врвот на регионалната музичка сцена откако го освои првото место на „Ѕвездите на Гранд“. Со својот уникатен стил и посветеност кон македонската музика, Никола го освои срцето на публиката низ цел Балкан.
Финалниот настап беше особено емотивен. Станишиќ ја отпеа песната „Бисер балкански“ под развиорено македонско знаме, носејќи гордост и солзи кај илјадници гледачи. Во третата рунда на финалето, Никола настапи со маичка на која беа испишани пораки „Македонија тагува“ и „Од срце за Кочани“, посветувајќи ја емотивната балада „Ако утре ме нема“ на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Настапот предизвика силни емоции и кај публиката во студиото и кај гледачите пред екраните, а неговиот гест на крајот од песната, со рака на срце и поклон, беше порака за сочувство и достоинство.
Победата на Никола Станишиќ не значи само музички успех, туку и потсетник на важноста од единство, љубов и почит кон татковината.