Македонија
Пожарот кај Крива Паланка се прошири кон Србија
Голем шумски пожар зафати над 50 хектари борова шума кај селото Нерав, Крива Паланка. Пожарот, кој почна на 26 јули 2025 година околу 14 часот, брзо се прошири и кон селото Герман (Ранковце), како и кон општина Трговиште во Србија.
Во гаснењето учествуваат противпожарни екипи од Крива Паланка, Ранковце и Трговиште (Србија), работници од „Македонски шуми“ и жители од околните села.
Теренот е тешко пристапен, што го отежнува гаснењето, а пожарот се заканува да ги зафати и куќите во Нерав. Локалните власти апелираат сите граѓани да ги почитуваат препораките и да се воздржат од движење во шумски и планински предели, со цел безбедност и олеснување на работата на службите на терен.
-
Маврово и ростушеПред 10 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки