Македонија
Проблеми со сметот во Скопје: Граѓаните се изложени на епидемии заради политички игри
Јавноста отворено дискутира дека политичките игри повторно ја загрозуваат безбедноста и здравјето на скопјани, особено поради негрижата околу отпадот – проблем што трае цел мандат на градоначалничката Арсовска. Контејнерите низ повеќето скопски општини се преполни, отпадот се шири по улиците, зеленилото и патеките, што создава алармантна состојба. Микробиологот Никола Пановски посочува дека ваква ситуација не е видена досега: преполните контејнери влијаат негативно не само на физичкото здравје, туку и на психата на луѓето. Иако времето во октомври спречува масовно ширење бактерии, ризици сè уште постојат, особено од инсекти и глодари, како стаорци кои може да пренесат листериоза и други инфекции во урбана средина. Мувите можат да донесат болести во домовите, а граѓаните се изложени на опасноситe од салмонела, дизентерија и други бактериски инфекции.
-
Маврово и ростушеПред 12 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки