Свет
Трамп: Безбедноста на Америка ми е приоритет, Украина нема да биде причина за загрозување на нашата држава
Изјавата на американскиот претседател, Трамп, со која нагласува дека нема да ја ризикува безбедноста на САД поради конфликтот во Украина, предизвика реакции во јавноста – особено затоа што токму Америка поттикна продолжување на војната наместо мирни решенија. Соочен со можноста за ширење на конфликтот и нуклеарен судир со Русија, Трамп го најави своето дистанцирање од Украина, препорачувајќи и на тамошното раководство да ја прифати реалноста на теренот.
Европските лидери, предводени од Зеленски, се против промената на границите и настојуваат на продолжување на американската поддршка за Украина, но наместо тесна соработка, добиваат резервиран однос од новата администрација во Вашингтон. Трамп сè повеќе се оддалечува од европските прашања, а вниманието му е насочено кон други глобални интереси, како Венецуела и натпреварот со Кина. Европската дипломатија, пак, е пред предизвик – разочарана од намалувањето на американска интервенција и неизвесноста околу безбедноста на континентот. Развојот на настаните сугерира дека Европа мора самостојно да одговори на новите безбедносни ризици и да бара дијалог со Русија, наместо нова милитаризација.
Во меѓувреме, Балканот останува ранлив од можни промени, а македонските политички елити ќе мора да ја адаптираат политиката кон новите светски трендови и да се справат со геополитичките промени после завршувањето на американското влијание.
-
Маврово и ростушеПред 10 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки