Македонија
Најстудено утро на Попова Шапка: Македонија се разбуди со температури од 0 до 6 степени
Македонија ова утро ја дочека студено време со минимални температури од 0 до 6 степени Целзиусови, а најладно беше на Попова Шапка, Демир Капија и Гевгелија, каде што термометрите покажаа точно 0 степени. Во Маврови Анови се измерени 1 степен, додека Ѓуриште и Крива Паланка ја почнаа утрината со 2 степени.
Три степени утрово имаше во Крушево, Берово, Пожаране и Струмица, а 4 степени се забележани во Тополчани, Виница, Претор, Штип и Прилеп. Малку потопло беше во Зајчев Рид, Охрид и Куманово со 5 степени, додека највисоките минимални 6 степени се регистрирани во Скопје – Петровец, Кавадарци, Велес, Тетово и Битола.
Какво време нè очекува денес?
Денот ќе биде променливо облачен со сончеви периоди. Во дел од котлините ќе се задржи магла во претпладневните часови. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен северен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат меѓу 9 и 14 степени.
Скопје: умерено облачно со сончеви интервали
Во главниот град претпладне е можна појава на слаба магла, но во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви интервали. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.
-
Маврово и ростушеПред 7 дена .Успешна промоција на книгата „Далечни вистини“ од Ениса Мирто
-
Маврово и ростушеПред 1 недела .Промоција на стихозбирката „Далечни вистини“ од Ениса Мирто
-
Маврово и ростушеПред 6 дена .Втора адултицидна дезинсекција против комарци во Маврово и Ростуше
-
Маврово и ростушеПред 25 минути .Терестричка адултицидна дезинфекција на училиштата во Маврово и Ростуше
-
НекатегоризираноПред 14 минути .Среќен почеток на учебната 2026/2027 година во Маврово и Ростуше
-
Маврово и ростушеПред 18 минути .Помош за првачињата: 6.000 денари и училишен прибор во Маврово и Ростуше