Connect with us

Македонија

Обвинителството бара ефективен притвор за четворица осомничени за силување на 13-годишно девојче во Неготинско

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, осомничени дека во февруари минатата година сториле тешко кривично дело врз 13-годишно девојче од Неготинско.

Како што информираат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, осомничените се товарат за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, казниво согласно член 188 став 3 од Кривичниот законик.

Според досегашните сознанија, на 14 февруари 2025 година, осомничените по претходен договор со возило го зеле девојчето, со кое еден од нив бил во контакт, и го однеле на локација надвор од селото Криволак, во неготинскиот регион.

Во соопштението од Обвинителството се наведува дека сите осомничени имале сексуални односи со жртвата, при што таа била физички нападната и навредувана, по што била вратена назад во Неготино.

Во текот на претходната постапка, на осомничените им биле изречени мерки на претпазливост, но по формалното отворање на истрагата, јавниот обвинител побарал тие да бидат заменети со ефективен притвор.

Како причина за ваквото барање, Обвинителството наведува дека досега прибраните докази упатуваат на сериозно сомнение дека осомничените сториле кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор, што создава ризик од бегство или влијание врз постапката.

Судот треба да одлучи по предлогот на обвинителството во законски утврдениот рок.

Сподели на:
Маврово и ростушеПред 2 недели .

Иницијатива за обнова на црквата Св. Ѓорѓи во Велебрдо

МаркетингПред 2 недели .

Муме Фејзули – Бариста што ја менува кафе културата

Маврово и ростушеПред 3 недели .

Градоначалникот Онер Јакупоски домаќин на ученици од ОУ „Хајан Селмани“

Маврово и ростушеПред 3 недели .

Алмина Имери назначена за В.Д. директор на СОУ Маврово-Ростуше

Маврово и ростушеПред 3 недели .

Зголемена финансиска помош за секое првородено дете

Маврово и ростушеПред 3 недели .

Заедно за посовремено здравство во Општина Маврово и Ростуше

Шоу БизнисПред 4 недели .

Раперот Lil Tjay уапсен по пукањето во кое беше ранет Offset – што точно се случи?

НаукаПред 4 недели .

Земјата снимена од Orion: Неверојатен „залез“ зад хоризонтот на Месечината

Маврово и ростушеПред 4 недели .

Интензивна акција за генерално чистење во сите населени места на Општина Маврово и Ростуше

НаукаПред 4 недели .

Прв поглед на темната страна на Месечината: Спектакуларни фотографии од мисијата Artemis II

Маврово и ростушеПред 1 month .

Несекојдневна глетка: Мечка и мали мечиња се капат во Радика

МаркетингПред 2 недели .

Муме Фејзули – Бариста што ја менува кафе културата

МакедонијаПред 5 months .

Уште еден голем успех за нашето Велебрдо и Општина Маврово и Ростуше

Локален туризамПред 1 month .

Уникатна документарна емисија од 1983 година – По долината на Река Радика

Маврово и ростушеПред 1 month .

Маврово и Ростуше ќе биде домаќин на Светското првенство во риболов на крап 2026 година

Маврово и ростушеПред 10 months .

Мечките слободно се шетаат низ селата во Национален парк Маврово – Граѓаните се повикуваат на внимателност

Маврово и ростушеПред 9 months .

Велебрдо добива нов паркинг простор во пресрет на летната сезона

СпортПред 1 month .

Португалија без Роналдо против Мексико и САД – повреда го тргна од составот

ФудбалПред 5 months .

Видео: КАКВА БОМБА НА ПЕЦЕ ДАИЛОВСКИ

Маврово и ростушеПред 3 недели .

Заедно за посовремено здравство во Општина Маврово и Ростуше

Trending