Спорт
Данска испиша историја: Германија падна во финалето, „црвената машина“ ги обедини сите титули
Финалето на Европското ракометно првенство донесе вистински спектакл и пресметка каква што доликува за европска круна. Данска е новиот европски шампион, откако во големото финале по жестока борба ја совлада Германија со 34:27 (18:16) и официјално ја потврди својата доминација во светскиот ракомет.
Со оваа победа, Данска успеа да направи нешто што ретко која селекција го постигнала – ги обедини светската, олимписката и европската титула. Така, Данска стана втората земја во историјата по Франција што ги освои сите три круни, а селекторот Николај Јакобсен и неговите избраници го прославија третиот златен медал во низа.