Македонија
„Здравство формира работна група за случајот ‘извоз на мозоци’ од Македонија кон САД – ќе се проверува документацијата и правниот контекст“
Министерството за здравство формираше работна група која ќе го истражува случајот поврзан со наводниот извоз на човечки мозоци од Македонија во САД во периодот од 1994 до 2015 година, изјави министерот за здравство Азир Алиу. Истражувањето е на административно-правен план и има за цел да ги разјасни сите информации поврзани со овој контроверзен проект.
Работната група ќе ги испита достапните документи, податоци и меморандуми за соработката меѓу македонски институции и американски универзитети, вклучително дали:
- постоеле соодветни документи и дозволи за трансфер на биолошки материјал,
- била обезбедена информирана согласност од семејствата на починатите лица,
- е почитувана правната и етичката рамка за научни истражувања со човечки примероци.
Министерот Алиу истакна дека ова истражување ќе даде појасна слика за настаните во овој временски период и за тоа дали биле исполнети сите законски и етички стандарди што ги регулираат научно-истражувачките активности поврзани со биолошки материјал.