Маврово и ростуше
Расчистени одроните кон Видуше и Скудриње: Општина Маврово и Ростуше со интензивни теренски активности за безбедни патишта
Општина Маврово и Ростуше продолжува со интензивни активности на терен со цел обезбедување безбедна и непречена сообраќајна поврзаност на сите локални патни правци. Со ангажирање на општинската механизација, успешно беа расчистени одроните на патот кон селото Видуше, како и на новиот локален патен правец кон село Скудриње.
Општински екипи интервенираа на локалниот пат кој води кон село Видуше, каде целосно беше отстранет одрон од земја и камења што го попречуваше нормалното одвивање на сообраќајот. Со навремената реакција, патот повторно е прооден и безбеден за сите учесници во сообраќајот.

Исто така беа расчистени и одроните на новиот локален патен правец кон село Скудриње, каде општинската механизација отстрани земја, камења и дрва од критичните точки. Со оваа интервенција е нормализиран сообраќајот на оваа значајна делница.
Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, изврши увид во теренските активности и потенцираше дека овој пат цели осум години бил оставен без соодветна заштита, и покрај бројните стручни укажувања за потреба од потпорни ѕидови, заштитни браници и мрежи за спречување на ерозија.

„Општина Маврово и Ростуше го менува овој пристап. Внимателно ја следиме состојбата и работиме на планови со кои овој пат ќе ја добие потребната заштита што со години му беше ускратувана. Безбедноста на нашите граѓани е приоритет што не трпи одложување“, изјави градоначалникот Јакупоски.
-
Маврово и ростушеПред 9 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки