Маврово и ростуше
Ристе Попоски нов в.д. директор на ЈПКД „Маврово“ – фокус на подобри комунални услуги
Во Општина Маврово и Ростуше донесена е одлука за ново раководство во комуналниот сектор. Ристе Попоски е именуван за вршител на должност (в.д.) директор на ЈПКД „Маврово“.
Одлуката ја донесе градоначалникот Онер Јакупоски, кој при именувањето му посака успешна работа на новиот директор и нагласи дека пред него стојат важни предизвици поврзани со подобрување на комуналните услуги.
Според општината, главен фокус во наредниот период ќе биде:
- подобрување на квалитетот и стабилноста на водоснабдувањето
- зголемување на ефикасноста на комуналните услуги
- одржување на јавната чистота во сите населени места
Со именувањето на Попоски, локалната самоуправа очекува да се внесе нова енергија, професионален пристап и подобра организација во работењето на јавното претпријатие.
-
Маврово и ростушеПред 9 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки