Маврово и ростуше
Општина Маврово и Ростуше доделува 12.000 денари за студенти – започна пријавувањето
Студентите од Општина Маврово и Ростуше имаат можност да аплицираат за еднократна парична помош во износ од 12.000 денари за учебната 2025/26 година.
Според соопштението, оваа финансиска поддршка се доделува согласно правилникот предложен од градоначалникот Онер Јакупоски, со цел да им се помогне на студентите во покривање на дел од нивните трошоци.
Процесот за аплицирање започнува на 2 март 2026 година и ќе трае до 20 март 2026 година.
За да аплицираат, студентите треба да достават:
- Фотокопија од лична карта или пасош
- Потврда за редовен или вонреден студент (запишан парен семестар)
- Копија од трансакциска сметка на име на студентот
Главен услов за добивање на оваа помош е студентот да не е во работен однос.
Дополнително, барањата и изјавите се подигнуваат и пополнуваат директно во просториите на општината.
Од општината ги повикуваат сите заинтересирани студенти кои имаат постојано живеалиште во Општина Маврово и Ростуше, навремено да ја достават потребната документација во архивата на општината.
Оваа мерка има за цел да го олесни студентскиот живот и да обезбеди дополнителна поддршка за младите во образованието.
-
Маврово и ростушеПред 10 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки