Connect with us

Македонија

Мицкоски: Македонија организира чартер летови за евакуација на граѓани од Дубаи, Катар и Кувајт

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека Владата на Македонија работи на организација на чартер летови за евакуација на македонски државјани кои се наоѓаат во Дубаи, Катар и Кувајт, поради влошената безбедносна ситуација на Блискиот Исток.

Според информациите од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, повеќе стотици граѓани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва за помош и информации околу нивно безбедно враќање во земјата.

Најголем број барања пристигнале од македонски државјани кои се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати, особено во Абу Даби, додека десетици граѓани побарале помош и од Катар и други земји во регионот.

Надлежните институции веќе работат на техничките и логистичките детали за организирање на чартер летовите, со цел граѓаните што побарале евакуација безбедно и навремено да се вратат во Македонија.

Министерството апелира сите македонски државјани кои се наоѓаат во погодените региони – Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин и Кувајт – доколку сè уште не го сториле тоа, да стапат во контакт со најблиското дипломатско-конзуларно претставништво или со СОС линијата на Министерството.

Евакуацијата ќе се реализира веднаш штом се создадат соодветни безбедносни и логистички услови, а институциите нагласуваат дека безбедноста на македонските граѓани е врвен приоритет.

Сподели на:
Маврово и ростушеПред 2 недели .

Иницијатива за обнова на црквата Св. Ѓорѓи во Велебрдо

МаркетингПред 2 недели .

Муме Фејзули – Бариста што ја менува кафе културата

Маврово и ростушеПред 3 недели .

Градоначалникот Онер Јакупоски домаќин на ученици од ОУ „Хајан Селмани“

Маврово и ростушеПред 3 недели .

Алмина Имери назначена за В.Д. директор на СОУ Маврово-Ростуше

Маврово и ростушеПред 3 недели .

Зголемена финансиска помош за секое првородено дете

Маврово и ростушеПред 3 недели .

Заедно за посовремено здравство во Општина Маврово и Ростуше

Шоу БизнисПред 4 недели .

Раперот Lil Tjay уапсен по пукањето во кое беше ранет Offset – што точно се случи?

НаукаПред 4 недели .

Земјата снимена од Orion: Неверојатен „залез“ зад хоризонтот на Месечината

Маврово и ростушеПред 4 недели .

Интензивна акција за генерално чистење во сите населени места на Општина Маврово и Ростуше

НаукаПред 4 недели .

Прв поглед на темната страна на Месечината: Спектакуларни фотографии од мисијата Artemis II

Маврово и ростушеПред 1 month .

Несекојдневна глетка: Мечка и мали мечиња се капат во Радика

МаркетингПред 2 недели .

Муме Фејзули – Бариста што ја менува кафе културата

МакедонијаПред 5 months .

Уште еден голем успех за нашето Велебрдо и Општина Маврово и Ростуше

Локален туризамПред 1 month .

Уникатна документарна емисија од 1983 година – По долината на Река Радика

Маврово и ростушеПред 1 month .

Маврово и Ростуше ќе биде домаќин на Светското првенство во риболов на крап 2026 година

Маврово и ростушеПред 10 months .

Мечките слободно се шетаат низ селата во Национален парк Маврово – Граѓаните се повикуваат на внимателност

Маврово и ростушеПред 9 months .

Велебрдо добива нов паркинг простор во пресрет на летната сезона

СпортПред 1 month .

Португалија без Роналдо против Мексико и САД – повреда го тргна од составот

ФудбалПред 5 months .

Видео: КАКВА БОМБА НА ПЕЦЕ ДАИЛОВСКИ

Маврово и ростушеПред 3 недели .

Заедно за посовремено здравство во Општина Маврово и Ростуше

Trending