Connect with us

Маврово и ростуше

Општина Маврово и Ростуше со поддршка за младите возачи

Започнува доделувањето на еднократна помош за возачка дозвола Б категорија

На предлог на Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, Советот на Општина Маврово и Ростуше донесе нов Правилник со кој се овозможува доделување еднократна парична помош за завршена стручна обука за возачка дозвола од Б категорија.

Оваа мерка е наменета за младите невработени лица на возраст од 16 до 24 години кои се со постојано живеалиште во нашата општина.

Потребни документи за аплицирање:

– Важечки документ за идентификација (лична карта или пасош);

– Потврда за завршена стручна обука за Б- категорија (не постара од 01.02.2026 година);

– Доказ за извршена уплата (уплатница уплатена во банка / пошта или фискална сметка не постара од 01.02.2026 година);

– ⁠Сведителство од 9-то одделение или потврда за завршено основно образование во едно од Основните Училишта кои се наоѓаат на територијата на Општина Маврово и Ростуше;

– Копија од трансакциска сметка;

Услови за добивање на помошта:

– Лицето мора да има постојано живеалиште во Општина Маврово и Ростуше, да биде на возраст од 16 до 24 години и да не е во работен однос.

– Барањето и потребните изјави се подигнуваат и пополнуваат директно во просториите на Општината.

Во тек е изработка на нова Веб страна на општината, откако истата ќе биде во функција потребните барања ќе можат да се превземаат директно од општинската веб страница.

Напомена:

Право на остварување на еднократна парична помош ќе добијат Лица кои се резиденти и се со постојано место на живеење во општината.

Сите финансиски трошоци за стручната обука за возачка дозвола Б категорија ќе бидат рефундирани од страна на општината.

Со оваа мерка, градоначалникот Онер Јакупоски и локалната самоуправа ја потврдуваат својата постојана посветеност кон поддршката на младите и олеснување на нивното секојдневие.

Извор: Фејсбук страна на Општина Маврово и Ростуше

Сподели на:
Маврово и ростушеПред 6 дена .

Втора адултицидна дезинсекција против комарци во Маврово и Ростуше

Promocija na knigata dalechni vistini od enisa mirto
Маврово и ростушеПред 7 дена .

Успешна промоција на книгата „Далечни вистини“ од Ениса Мирто

Маврово и ростушеПред 1 недела .

Промоција на стихозбирката „Далечни вистини“ од Ениса Мирто

Маврово и ростушеПред 3 недели .

Забраната во Гостивар конечно укината – Неколку функционери се напија вода од чешма

Маврово и ростушеПред 4 недели .

Отворени денови за дијаспората во Општина Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 1 month .

Општина Маврово и Ростуше со донација од 3.000 литри вода за граѓаните на Гостивар.

Маврово и ростушеПред 1 month .

Нов капитален проект во Ростуше: Решен деценискиот проблем со водоснабдувањето

Маврово и ростушеПред 1 month .

Скудриње доби целосно обновена и проширена улица

Маврово и ростушеПред 1 month .

Центарот на Ростуше права фудбалска фан-зона. Организиран пренос на финалето на Светското првенство

Маврово и ростушеПред 2 months .

Работна средба на градоначалникот Онер Јакупоски со амбасадорката Н.Е. Џаинг

Маврово и ростушеПред 5 months .

Несекојдневна глетка: Мечка и мали мечиња се капат во Радика

КошаркаПред 5 months .

Видео: Тинејџер од Далас испиша историја – урна рекорд што го држеше Леброн Џејмс

МаркетингПред 5 months .

Муме Фејзули – Бариста што ја менува кафе културата

КошаркаПред 5 months .

Дончиќ експлодира, Леброн испиша историја: Лејкерс во серија од 8 победи

СпортПред 1 year .

Перез уверен: Во Ред Бул се каат што ме отпуштија!

СпортПред 5 months .

Официјално: Џенаро Гатузо повеќе не е селектор на Италија по историскиот дебакл

СпортПред 1 year .

Историска победа за Норис во Абу Даби – Мекларен по 26 години повторно шампион!

СпортПред 4 months .

Баерн подготвен за сите сценарија против ПСЖ: Клучен меч во Лигата на шампионите

СпортПред 1 year .

„Имола пред згаснување – Историјата губи битка со парите?“

Убавина и ЗдравјеПред 1 year .

Нови NHS апликации и онлајн терапевти за слабеење: Револуција во третманот на дебелината

Trending