Маврово и ростуше
Градоначалникот, Онер Јакупоски на работна средба со националниот координатор Салко Куч
Во насока на понатамошно унапредување и зајакнување на меѓуетничкиот дијалог во регионот, градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, оствари продуктивна работна средба со Националниот координатор за меѓуетничка и меѓуресорска соработка, Салко Куч.
На средбата беа потврдени веќе воспоставените одлични односи помеѓу сите етнички и религиски заедници во општината, кои со децении претставуваат пример за соживот.
Соговорниците разговараа за конкретни начини за уште поголемо јакнење на меѓусебната доверба и почит, како и за иницирање на дополнителни активности кои ќе придонесат кон подобра социјална кохезија.
„Општина Маврово и Ростуше останува цврсто посветена на градење инклузивна, солидарна и обединета заедница.
За нас, различностите не се пречка, туку огромна вредност, а меѓусебната соработка е единствениот темел на кој можеме да градиме вистински напредок за сите граѓани” истакна градоначалникот Јакупоски.
Извор: Фејсбук страна на Општина Маврово и Ростуше