Маврово и ростуше
Заедно за посовремено здравство во Општина Маврово и Ростуше
Денеска, Здравствениот дом „Русе Бошкоски“ беше дестинација на значајна посета. Градоначалникот М-р Онер Јакупоски, Министерот за здравство Азир Алиу, пратеникот Д-р Мевмед Џафери, директорот на НП Маврово Харис Ибраими и директорот на Здравствениот дом Ашим Имероски заеднички ги разгледаа можностите за развој на здравствената заштита во општината.
Фокусот на посетата беше:
- Зајакнување на меѓусебната соработка помеѓу институциите;
- Директна поддршка за Здравствениот дом „Русе Бошкоски“;
- Подобрување на услугите за пациентите од целиот регион.
Кога сите чинители работат заедно, резултатите се видливи. Продолжуваме да инвестираме во здравјето како наш најголем приоритет.
Извор: Фејсбук страна на Општина Маврово и Ростуше