Connect with us

Маврово и ростуше

Зголемена финансиска помош за секое првородено дете

СООПШТЕНИЕ

Зголемена финансиска помош за секое првородено дете и

воведување нова мерка – финансиска помош за секое второ и трето родено дете.

Општина Маврово и Ростуше ги информира сите свои граѓани дека, согласно програмските определби на Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, М-р. Онер Јакупоски и со поддршка на Советот на Општината, започнува процесот за поднесување барања за еднократна парична помош за новороденчиња.

Оваа мерка има за цел да им даде директна поддршка на младите семејства и да го поттикне наталитетот во нашиот регион.

Критериуми за остварување на правото:

Право на еднократна парична помош има мајката која родила едно или повеќе живородени деца, под услов да е резидент – со постојано живеалиште во едно од населените места на територијата на Општина Маврово и Ростуше.

Висина на паричната помош:

Согласно новиот правилник, висината на помошта е утврдена на:

– 10.000 денари – за секое прво родено дете (зголемен износ);

– 18.000 денари – за секое второ родено дете (нова мерка);

– 25.000 денари – за секое трето родено дете (нова мерка).

Потребни документи за аплицирање:

За да се оствари ова право, потребно е да се приложат следните документи:

* Копии од важечки документи за идентификација (лични карти или пасош) од двајцата родители;

* Извод од матична книга на родени за новороденото дете;

* Извод од матична книга на венчани;

* Потврда за редовна вакцинација за детето;

* Трансакциска сметка на барателот;

* За второ и трето новородено дете: Потребно е да се приложат и изводи од матична книга на родени за претходните деца (првото, односно второто дете).

Напомена: Право на оваа помош можат да остварат лица кои се резиденти и имаат постојано место на живеење во општината.

Начин на аплицирање:

Барањето и потребните изјави се подигнуваат и пополнуваат директно во просториите на Општина Маврово и Ростуше, и се поднесуваат во рок од три месеци од раѓањето на детето.

Службите во општината стојат на располагање за сите дополнителни информации и помош при пополнување на документацијата.

Инвестираме во нашите најмлади – градиме подобра иднина за сите!

Со почит,

Општина Маврово и Ростуше

Сподели на:
Маврово и ростушеПред 2 недели .

Иницијатива за обнова на црквата Св. Ѓорѓи во Велебрдо

МаркетингПред 2 недели .

Муме Фејзули – Бариста што ја менува кафе културата

Маврово и ростушеПред 3 недели .

Градоначалникот Онер Јакупоски домаќин на ученици од ОУ „Хајан Селмани“

Маврово и ростушеПред 3 недели .

Алмина Имери назначена за В.Д. директор на СОУ Маврово-Ростуше

Маврово и ростушеПред 3 недели .

Зголемена финансиска помош за секое првородено дете

Маврово и ростушеПред 3 недели .

Заедно за посовремено здравство во Општина Маврово и Ростуше

Шоу БизнисПред 4 недели .

Раперот Lil Tjay уапсен по пукањето во кое беше ранет Offset – што точно се случи?

НаукаПред 4 недели .

Земјата снимена од Orion: Неверојатен „залез“ зад хоризонтот на Месечината

Маврово и ростушеПред 4 недели .

Интензивна акција за генерално чистење во сите населени места на Општина Маврово и Ростуше

НаукаПред 4 недели .

Прв поглед на темната страна на Месечината: Спектакуларни фотографии од мисијата Artemis II

Маврово и ростушеПред 1 month .

Несекојдневна глетка: Мечка и мали мечиња се капат во Радика

МаркетингПред 2 недели .

Муме Фејзули – Бариста што ја менува кафе културата

МакедонијаПред 5 months .

Уште еден голем успех за нашето Велебрдо и Општина Маврово и Ростуше

Локален туризамПред 1 month .

Уникатна документарна емисија од 1983 година – По долината на Река Радика

Маврово и ростушеПред 1 month .

Маврово и Ростуше ќе биде домаќин на Светското првенство во риболов на крап 2026 година

Маврово и ростушеПред 10 months .

Мечките слободно се шетаат низ селата во Национален парк Маврово – Граѓаните се повикуваат на внимателност

Маврово и ростушеПред 9 months .

Велебрдо добива нов паркинг простор во пресрет на летната сезона

СпортПред 1 month .

Португалија без Роналдо против Мексико и САД – повреда го тргна од составот

ФудбалПред 5 months .

Видео: КАКВА БОМБА НА ПЕЦЕ ДАИЛОВСКИ

Маврово и ростушеПред 3 недели .

Заедно за посовремено здравство во Општина Маврово и Ростуше

Trending