Connect with us

Свет

Хантавирусот повторно во фокусот: СЗО уверува дека ризикот од глобално ширење е низок

Светската здравствена организација предупреди дека хантавирусот повторно привлекува внимание по неодамнешните случаи регистрирани на крузер, но нагласува дека ризикот за пошироката јавност останува низок и нема простор за паника.

Според експертите, хантавирусот не се пренесува лесно од човек на човек како коронавирусот. Во најголем дел од случаите, инфекцијата се добива преку контакт со заразени глодари, нивна плунка, измет или урина, особено во затворени и слабо проветрени простории.

Од СЗО објаснуваат дека досегашните истражувања покажуваат оти пренос меѓу луѓе е исклучително редок и е забележан само кај одредени видови на вирусот, претежно во Јужна Америка, при долг и близок контакт меѓу заразени лица.

Хантавирусот може да предизвика сериозни симптоми, меѓу кои висока температура, болки во мускулите, главоболка, кашлица и проблеми со дишењето. Во потешки случаи може да дојде и до оштетување на белите дробови или бубрезите.

Светската здравствена организација потенцира дека во моментов нема потреба од ограничувања за патувања, ниту пак постои опасност од нова пандемија. Институцијата апелира граѓаните да одржуваат добра хигиена, да избегнуваат контакт со глодари и внимателно да чистат простории каде што постои ризик од нивно присуство.

Иако инфекциите со хантавирус се релативно ретки на глобално ниво, здравствените власти продолжуваат внимателно да ја следат состојбата и да ја информираат јавноста за евентуални нови случаи.

Сподели на:
НекатегоризираноПред 26 минути .

Среќен почеток на учебната 2026/2027 година во Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 30 минути .

Помош за првачињата: 6.000 денари и училишен прибор во Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 37 минути .

Терестричка адултицидна дезинфекција на училиштата во Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 6 дена .

Втора адултицидна дезинсекција против комарци во Маврово и Ростуше

Promocija na knigata dalechni vistini od enisa mirto
Маврово и ростушеПред 7 дена .

Успешна промоција на книгата „Далечни вистини“ од Ениса Мирто

Маврово и ростушеПред 1 недела .

Промоција на стихозбирката „Далечни вистини“ од Ениса Мирто

Маврово и ростушеПред 3 недели .

Забраната во Гостивар конечно укината – Неколку функционери се напија вода од чешма

Маврово и ростушеПред 4 недели .

Отворени денови за дијаспората во Општина Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 1 month .

Општина Маврово и Ростуше со донација од 3.000 литри вода за граѓаните на Гостивар.

Маврово и ростушеПред 1 month .

Нов капитален проект во Ростуше: Решен деценискиот проблем со водоснабдувањето

Маврово и ростушеПред 5 months .

Несекојдневна глетка: Мечка и мали мечиња се капат во Радика

КошаркаПред 5 months .

Видео: Тинејџер од Далас испиша историја – урна рекорд што го држеше Леброн Џејмс

МаркетингПред 5 months .

Муме Фејзули – Бариста што ја менува кафе културата

КошаркаПред 5 months .

Дончиќ експлодира, Леброн испиша историја: Лејкерс во серија од 8 победи

СпортПред 1 year .

Перез уверен: Во Ред Бул се каат што ме отпуштија!

СпортПред 5 months .

Официјално: Џенаро Гатузо повеќе не е селектор на Италија по историскиот дебакл

СпортПред 1 year .

Историска победа за Норис во Абу Даби – Мекларен по 26 години повторно шампион!

СпортПред 4 months .

Баерн подготвен за сите сценарија против ПСЖ: Клучен меч во Лигата на шампионите

СпортПред 1 year .

„Имола пред згаснување – Историјата губи битка со парите?“

КошаркаПред 5 months .

Жестока MVP трка во НБА: Вембањама и Шеј блеснаа со над 40 поени

Trending