Македонија
„Вашата иднина е во ЕУ“: Антонио Кошта со силна порака до Македонија по повод Денот на Европа
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, испрати порака до македонските граѓани по повод 9 Мај – Денот на Европа, нагласувајќи дека Северна Македонија ја гледа како идна членка на Европската унија.
Во своето видео обраќање, Кошта порача: „Ви се обраќам денес како идни членови на Европската унија“, потенцирајќи дека европската иднина на државата е дел од заедничката визија за мир, стабилност и просперитет.
Тој потсети дека европскиот проект бил создаден по Втората светска војна со цел да се изградат единство и соработка наместо поделби и конфликти, додавајќи дека Македонија со години вложува напори на патот кон ЕУ.
„Време е да се направи следниот чекор напред. Заедно ќе изградиме заедничка европска иднина“, порача Кошта, испраќајќи охрабрувачка порака во период кога европските интеграции повторно се во фокусот на домашната политичка сцена.
Северна Македонија веќе подолг период е кандидат за членство во Европската унија, а евроинтегративниот процес останува една од главните стратешки цели на државата.
Пораката на Кошта доаѓа во време на засилени дебати околу иднината на проширувањето на ЕУ и очекувањата за забрзување на процесот за земјите од Западен Балкан.
-
Маврово и ростушеПред 8 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки