Маврово и ростуше
Голем интерес за „Отворениот ден“ во СОУ „Маврово – Ростуше“
Во СОУ „Маврово – Ростуше“ денеска успешно се одржа настанот „Отворен ден“, на кој учениците и посетителите имаа можност поблиску да се запознаат со условите, образовните насоки и активностите што ги нуди училиштето.
Настанот предизвика голем интерес кај идните средношколци и нивните родители, кои имаа можност директно да се информираат за наставните програми, условите за учење и можностите што ги нуди училиштето.
Посебна чест за училиштето беше присуството на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, М-р Онер Јакоппски, кој во своето обраќање ја истакна поддршката на локалната самоуправа за младите и образованието.
Тој најави дека сите ученици кои ќе се запишат во првиот уписен рок ќе добијат еднократен паричен надоместок во висина од 12.000 денари, мерка која има за цел дополнително да ги мотивира младите да го продолжат своето образование во родниот крај.
Од училиштето упатија благодарност до сите посетители за покажаниот интерес, со порака дека вратите на училиштето остануваат отворени за сите идни ученици кои сакаат да станат дел од нивното училишно семејство.