Свет
Ужас во Германија: Авион експлодирал во воздух, делови паднале врз станбена област
Голема трагедија ја потресе Германија откако мал авион експлодирал во воздух, а делови од леталото паднале врз станбена област, предизвикувајќи паника меѓу жителите и масовна интервенција на спасувачките служби.
Според првичните информации од германските медиуми, пилотот претходно пријавил технички проблеми со моторот и се обидувал принудно да слета, но кратко потоа дошло до експлозија на леталото.
Делови од авионот паднале во близина на станбени објекти, при што избувнал пожар, а жителите од околните куќи биле евакуирани од безбедносни причини. На терен веднаш пристигнале пожарникари, полиција и екипи на итната помош.
Германските власти засега не соопштуваат официјален број на жртви или повредени, додека истрагата за причините за несреќата е во тек. Според медиумите, несреќата се случила во покраината Северна Рајна-Вестфалија.
Очевидци за локалните медиуми изјавиле дека слушнале силна експлозија, по што на небото се појавил густ чад, а делови од леталото биле расфрлани на повеќе локации во населбата.
Надлежните служби апелираат граѓаните да ја избегнуваат областа додека трае увидот и расчистувањето на теренот.
-
Маврово и ростушеПред 8 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки