Маврово и ростуше
Започна санацијата на уличното осветлување во Галичник
Почитувани,
Месната заедница на Галичник упатува искрена благодарност до Општина Маврово и Ростуша за започнатата годишна санација и обновување на уличното осветлување во Галичник.
Со оваа активност значително ќе се подобрат безбедноста, функционалноста и целокупниот изглед на селото во пресрет на летната сезона, кога Галичник традиционално го посетуваат голем број гости, иселеници и туристи.
Екипите веќе активно работат на терен, при што се врши замена и сервисирање на постојните светилки, како и санација на делови од мрежата каде што е потребно.
Ваквите активности се од големо значење за уредувањето и подготовката на Галичник за претстојните настани и за подобри услови за сите жители и посетители.
Уште еднаш, благодарност до Општина Маврово и Ростуша за ангажманот, поддршката и континуираната грижа за Галичник.
Извор: Фејсбук страна на месна заедница Галичник
-
Маврово и ростушеПред 7 дена .Успешна промоција на книгата „Далечни вистини“ од Ениса Мирто
-
Маврово и ростушеПред 1 недела .Промоција на стихозбирката „Далечни вистини“ од Ениса Мирто
-
Маврово и ростушеПред 6 дена .Втора адултицидна дезинсекција против комарци во Маврово и Ростуше
-
Маврово и ростушеПред 12 минути .Терестричка адултицидна дезинфекција на училиштата во Маврово и Ростуше
-
Маврово и ростушеПред 5 минути .Помош за првачињата: 6.000 денари и училишен прибор во Маврово и Ростуше
-
НекатегоризираноПред 23 секунди .Среќен почеток на учебната 2026/2027 година во Маврово и Ростуше