Маврово и ростуше
Работна средба на Онер Јакупоски и Христина Јовчевска за инклузија и еднакви можности
Денес градоначалникот м-р. Онер Јакупоски оствари работна средба со Христина Јовчевска, која изминатиот период спроведе истражување за вработувањето на младите лица со попреченост во Македонија.
За време на средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат младите лица со попреченост, особено во руралните средини, како и за можностите за подобрување на нивниот пристап до вработување и поголема социјална инклузија. Општина Маврово и Ростуше и градоначалникот Јакупоски, остануваат отворени за соработка со младите, граѓанскиот сектор и сите релевантни чинители во креирањето иницијативи и политики што придонесуваат за еднакви можности, инклузивност и подобар квалитет на живот за сите наши граѓани.
Веруваме дека преку партнерство, дијалог и заедничко дејствување можеме да создадеме локална заедница во која секој млад човек ќе има еднаква можност да го оствари својот потенцијал.
-
СпортПред 1 недела .Несекојдневен подвиг на Мартин Бишковски: Трча по еден киломeтар за секој гол на Светското првенство
-
Маврово и ростушеПред 6 дена .Галичка свадба 2026: Градоначалникот им честиташе на младенците и ја истакна важноста на традицијата
-
Маврово и ростушеПред 5 дена .Важно известување: Дезинсекција против комарци во Општина Маврово и Ростуше
-
Маврово и ростушеПред 1 недела .Продолжуваат инфраструктурните активности во Општина Маврово и Ростуше