Маврово и ростуше
Центарот на Ростуше права фудбалска фан-зона. Организиран пренос на финалето на Светското првенство
Голем број љубители на фудбалот заедно го следат финалето на Светското првенство.
Центарот на Ростуше вечерва пулсира во знакот на фудбалот.
Во организација на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, м-р Онер Јакупоски, огромен број љубители на најважната споредна работа во светот се собраа заедно на отворено за да го следат големото финале на Светското првенство помеѓу репрезентациите на Шпанија и Аргентина.
Атмосферата во центарот е исполнета со силна навивачка енергија, дружење и позитивно расположение.

Настанот привлече посетители од сите генерации – од најмладите до постарите љубители на спортот, кои во еден глас навиваат и уживаат во мајсториите на светските фудбалски ѕвезди.
Градоначалникот Јакупоски, кој исто така е присутен меѓу своите сограѓани, истакна дека ваквите настани се одлична можност за зајакнување на заедницата, заедничко дружење и создавање убави спомени.
Општина Маврово и Ростуше уште еднаш докажа дека знае да приреди одличен амбиент и да ги сплоти граѓаните околу вистинските спортски вредности.
Нека победи најдобриот!
-
Маврово и ростушеПред 1 недела .Работна средба на Онер Јакупоски и Христина Јовчевска за инклузија и еднакви можности
-
Маврово и ростушеПред 1 недела .Галичка свадба 2026: Градоначалникот им честиташе на младенците и ја истакна важноста на традицијата
-
Маврово и ростушеПред 1 недела .Важно известување: Дезинсекција против комарци во Општина Маврово и Ростуше
-
Маврово и ростушеПред 7 дена .Работна средба на градоначалникот Онер Јакупоски со амбасадорката Н.Е. Џаинг