Некатегоризирано
Среќен почеток на учебната 2026/2027 година во Маврово и Ростуше
Денес, со насмевки, радост и првото училишно ѕвонче, во сите општински училишта на територијата на Општина Маврово и Ростуше официјално започна новата учебна 2026/2027 година.
По тој повод, Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, м-р Онер Јакупоски, упати искрени честитки и искрени желби до сите ученици, а посебно до првооделенците кои за првпат чекорат во светот на знаењето, како и до наставниците и родителите.
„На сите ученици, а особено на нашите драги првачиња кои денес го прават својот најважен чекор во образованието, им посакувам многу здравје, среќа и неисцрпен успех во усвојувањето на новите знаења. На наставниците им посакувам инспирација и трпение во нивната благородна мисија, а на родителите да бидат горди на достигнувањата на нивните деца. Нека оваа учебна година биде исполнета со одлични резултати и нови успеси за сите нас!“, истакна градоначалникот м-р Онер Јакупоски.
Општина Маврово и Ростуше продолжува посветено да инвестира во подобрување на условите во училиштата и поддршка на сите ученици.
Среќна и успешна учебна година на сите.
-
Маврово и ростушеПред 7 дена .Успешна промоција на книгата „Далечни вистини“ од Ениса Мирто
-
Маврово и ростушеПред 1 недела .Промоција на стихозбирката „Далечни вистини“ од Ениса Мирто
-
Маврово и ростушеПред 6 дена .Втора адултицидна дезинсекција против комарци во Маврово и Ростуше
-
Маврово и ростушеПред 37 минути .Терестричка адултицидна дезинфекција на училиштата во Маврово и Ростуше
-
Маврово и ростушеПред 30 минути .Помош за првачињата: 6.000 денари и училишен прибор во Маврово и Ростуше