Маврово и ростуше
Напредуваат градежните активности на патот за с. Рибница
Напредуваат градежните активности на локалниот пат за с. Рибница Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, м-р Онер Јакупоски, заедно со пратеникот во Собранието на Република Македонија, д-р Мевмед Џафери, и професорот на Градежниот факултет, Сеад Абази, извршија увид во градежните активности на локалниот пат за село Рибница. Во моментов се реализираат земјени работи и тампонирање долж трасата, како подготовка за реконструкција и асфалтирање на патот, при што се следи квалитетот и динамиката на изведбата.
„Овој пат е од големо значење за жителите на Рибница и околните населени места. Нашата заложба е проектот да биде реализиран квалитетно и во предвидената динамика, со што ќе се подобри безбедноста и патната поврзаност“, истакна градоначалникот м-р Онер Јакупоски.
По увидот беше одржана и работна средба со жителите, на која се разговараше за текот на проектот, потребите на населението и унапредувањето на локалната инфраструктура. Општина Маврово и Ростуше продолжува со реализација на инфраструктурни проекти од значење за граѓаните и развојот на локалните населени места.




-
Маврово и ростушеПред 7 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки