Спорт
„Ја побарав поддршката од Јувентус, но не ја добив“
На изненадување на многумина, францускиот фудбалер Пол Погба (32) се враќа на терените по долго отсуство поради суспензија за допинг. Во интервју, Погба откри дека не добил поддршка од Јувентус за време на казната, па затоа решил да го напушти клубот и да потпише со Монако.
„Мислев дека сум во конфликт со антидопинг-органите, а не со својот клуб,“ изјави Погба. Тој додаде дека во текот на 18-месечната суспензија од Јувентус не добил никаква помош.
„Побарав поддршка од Јувентус, но не ја добив,“ откри Погба во разговор за телевизијата TФ1.
Французинот беше фатен на допинг-тест по натпревар во Серија А против Удинезе во 2023 година, по што првично доби четиригодишна суспензија, која подоцна беше намалена на 18 месеци.
Јувентус официјално го раскина договорот со него во ноември 2024 година, иако Погба има право да игра повторно од март годинава.
„Го замолив клубот да ми обезбеди тренер за одржување на формата, бидејќи сè уште бев дел од тимот. Имав право на тоа, но не добив никаква помош. Не разбрав зошто. Мислев дека имам конфликт само со антидопинг-органите, а не и со Јувентус. Тешко ми беше да возам секој ден покрај стадионот и тренинг-центарот, а да не можам да играм. Моите деца постојано ме прашуваа кога ќе се вратам на теренот. Сега сум подготвен – физички и ментално, и со нетрпение чекам повторно да играм. Имам 32 години, но се чувствувам како млад,“ рече Погба.
Погба има и богата кариера со Манчестер Јунајтед, каде што играше во два наврати, покрај Јувентус.