Connect with us

Спорт

Јирген Клоп предупредува: Светското клупско првенство е катастрофална идеја – следната сезона не’ чекаат рекордни повреди!

Јирген Клоп жестоко за Клупскиот Мундијал: Најлошата идеја во историјата на фудбалот – следи бран повреди!

Поранешниот тренер на Ливерпул и сегашен шеф во Ред Бул остро го критикува новото Светско клупско првенство – „Играчите се на работ од колапс!“


Јирген Клоп, поранешен тренер на Борусија Дортмунд и Ливерпул, а сега шеф на светскиот фудбалски оддел на Ред Бул, во интервју за германскиот медиум „Ди Велт“ жестоко ја нападна идејата за Светското клупско првенство, кое се одржува во САД.

„Светското клупско првенство е најлошата идеја во историјата на фудбалот. Одлуки носат луѓе кои никогаш немале контакт со секојдневниот фудбалски живот. Слушам дека некои велат – да, тоа носи огромни пари. Но, тоа не важи за сите клубови“, изјави Клоп.n

Тој потсети дека фудбалерите се под неверојатен притисок:

„Минатата година имаа Копа Америка и Европско првенство, оваа година е Светското клупско првенство, а следната е Светското првенство. Играчите немаат време за закрепнување – ниту физички, ниту ментално.“

Клоп ја спореди ситуацијата со НБА:

„Во НБА, играчите имаат четири месеци одмор годишно. Вирџил ван Дајк никогаш во кариерата немал таков одмор. Не може клупскиот мундијал да се игра на сметка на здравјето на играчите. Сериозно сум загрижен.“

Според него, ситуацијата е алармантна:

„Ако не оваа сезона, тогаш на Светското првенство или по него ќе се случи – ќе има повреди какви што фудбалот не памети. Им велиме на играчите – секој натпревар да го играат како да е последен, и тоа 70-75 пати во годината. Тоа е неизводливо.“

Тој апелира дека мора да се преземат мерки:

„Играчите мора да добијат одмор. Без тоа, нема да можат да испорачуваат врвни перформанси. Ако се повредат или падне квалитетот, целиот фудбалски систем ќе изгуби вредност.“

На крај, Клоп порача:

„Се сеќавам кога имав само две и пол недели подготовки со комплетен тим – а потоа игравме на секои три дена цела сезона. Тоа е брутално и неодржливо.“

Сподели на:
Маврово и ростушеПред 9 саати .

Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски

НекатегоризираноПред 1 недела .

Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки

МакедонијаПред 1 недела .

Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“

СветПред 1 недела .

АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР

МакедонијаПред 1 недела .

Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите

Маврово и ростушеПред 2 недели .

Над 3 милиони денари вложени во основните училишта во Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 2 недели .

Напредуваат градежните активности на патот за с. Рибница

Маврово и ростушеПред 2 недели .

Сафет Алили ја најави својата прва книга „Позитивна мисла – Водич низ животот“

Локален туризамПред 1 month .

Успешно затворено Светското првенство во риболов на крап во Маврово

Маврово и ростушеПред 2 months .

Среќен почеток на учебната 2026/2027 година во Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 7 months .

Несекојдневна глетка: Мечка и мали мечиња се капат во Радика

КошаркаПред 7 months .

Видео: Тинејџер од Далас испиша историја – урна рекорд што го држеше Леброн Џејмс

КошаркаПред 7 months .

Дончиќ експлодира, Леброн испиша историја: Лејкерс во серија од 8 победи

СпортПред 5 months .

Баерн подготвен за сите сценарија против ПСЖ: Клучен меч во Лигата на шампионите

СпортПред 1 year .

Перез уверен: Во Ред Бул се каат што ме отпуштија!

СпортПред 7 months .

Официјално: Џенаро Гатузо повеќе не е селектор на Италија по историскиот дебакл

СпортПред 5 months .

Мурињо повторно на „Бернабеу“? Реал Мадрид започнал преговори со португалскиот стратег

СпортПред 1 year .

Историска победа за Норис во Абу Даби – Мекларен по 26 години повторно шампион!

АвтомобилиПред 5 months .

Audi го откри ентериерот на новиот Q9: Луксуз, технологија и простор во едно

СпортПред 5 months .

Серхио Рамос станува сопственик на Севилја? Шпанските медиуми објавија договор вреден 450 милиони евра

Trending