Маврово и ростуше
Алмина Имери назначена за В.Д. директор на СОУ Маврово-Ростуше
Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, денеска донесе решение со кое за вршител на должноста (В.Д.) директор на средното СОУ „Маврово-Ростуше“ е назначена Алмина Имери.
Алмина Имери, доаѓа на оваа одговорна позиција од редовите на колективот на училиштето, каде што долги години успешно работи како професор по предметите филозофија, етика и логика.
Нејзиното познавање на образовниот процес во институцијата, професионалноста и посветеноста кон учениците беа клучни во одлуката за нејзиното именување.
„Верувам дека со својот професионален капацитет и долгогодишно искуство, новата директорка успешно ќе продолжи да го унапредува квалитетот на образованието во нашата општина.
Наша заедничка цел е создавање на современи услови за учење и развој на младите,“ истакна градоначалникот Јакупоски, посакувајќи ѝ успех во претстојната работа.
Извор: Фб Страна на Општината
-
Маврово и ростушеПред 9 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки