Connect with us

Маврово и ростуше

Рехабилитирана и асфалтирана улица во село Скудриње

Успешно заврши втората фаза од рехабилитацијата и асфалтирањето на улица во с. Скудриње:

Градоначалникот Јакупоски и пратеникот Џафери во заеднички увид на терен.

Локалната инфраструктура во Општина Маврово и Ростуше продолжува да се модернизира со засилено темпо.

Успешно заврши втората фаза од капиталниот проект за рехабилитација, проширување и асфалтирање на улица во село Скудриње, кој беше реализиран со финансиска поддршка од Владата на РС Македонија со кофинансирање на дел од срествата од буџетот на општина Маврово и Ростуше.

По повод финализирањето на градежните активности, Градоначалникот на општината, М-р Онер Јакупоски, заедно со Пратеникот во Собранието на РС Македонија, Д-р Мевмед Џафери, извршија теренска посета на овој исклучително значаен инфраструктурен објект.

„Соработката помеѓу локалната самоуправа и централната власт дава конкретни и видливи резултати во интерес на граѓаните.

Со проширувањето и комплетното асфалтирање на оваа улица во Скудриње, не само што го решаваме долгогодишниот проблем со пристапноста, туку и значително ја зголемуваме безбедноста во сообраќајот,“ изјави градоначалникот Јакупоски.

Пратеникот Д-р Мевмед Џафери изрази задоволство од ефикасноста при реализацијата на проектот и потенцираше дека поддршката од Владата за Општина Маврово и Ростуше ќе продолжи и во иднина, со цел обезбедување рамномерен развој и подобри услови за живот во сите населени места.

Новата патна инфраструктура во с. Скудриње значително го олеснува секојдневието на жителите, а Општина Маврово и Ростуше уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон исполнување на ветувањата за модерна и функционална општина.

Сподели на:
Маврово и ростушеПред 9 саати .

Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски

НекатегоризираноПред 1 недела .

Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки

МакедонијаПред 1 недела .

Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“

СветПред 1 недела .

АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР

МакедонијаПред 1 недела .

Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите

Маврово и ростушеПред 2 недели .

Над 3 милиони денари вложени во основните училишта во Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 2 недели .

Напредуваат градежните активности на патот за с. Рибница

Маврово и ростушеПред 2 недели .

Сафет Алили ја најави својата прва книга „Позитивна мисла – Водич низ животот“

Локален туризамПред 1 month .

Успешно затворено Светското првенство во риболов на крап во Маврово

Маврово и ростушеПред 2 months .

Среќен почеток на учебната 2026/2027 година во Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 7 months .

Несекојдневна глетка: Мечка и мали мечиња се капат во Радика

КошаркаПред 7 months .

Видео: Тинејџер од Далас испиша историја – урна рекорд што го држеше Леброн Џејмс

КошаркаПред 7 months .

Дончиќ експлодира, Леброн испиша историја: Лејкерс во серија од 8 победи

СпортПред 5 months .

Баерн подготвен за сите сценарија против ПСЖ: Клучен меч во Лигата на шампионите

СпортПред 1 year .

Перез уверен: Во Ред Бул се каат што ме отпуштија!

СпортПред 7 months .

Официјално: Џенаро Гатузо повеќе не е селектор на Италија по историскиот дебакл

СпортПред 5 months .

Мурињо повторно на „Бернабеу“? Реал Мадрид започнал преговори со португалскиот стратег

СпортПред 1 year .

Историска победа за Норис во Абу Даби – Мекларен по 26 години повторно шампион!

АвтомобилиПред 5 months .

Audi го откри ентериерот на новиот Q9: Луксуз, технологија и простор во едно

СпортПред 5 months .

Серхио Рамос станува сопственик на Севилја? Шпанските медиуми објавија договор вреден 450 милиони евра

Trending