Македонија
Демократски сојуз: Владата да не подлегнува на притисоци за правосудниот испит
Демократски сојуз ја повика Владата да не подлегнува на политички и институционални притисоци поврзани со правосудниот испит, оценувајќи дека владеењето на правото и квалитетот на правосудниот систем не смеат да бидат доведени во прашање.
Од партијата посочуваат дека критериумите за полагање на правосудниот испит мора да останат на високо професионално ниво и да не се носат избрзани решенија кои би можеле негативно да влијаат врз правниот систем и довербата на граѓаните во институциите.
Во реакцијата, Демократски сојуз потенцира дека реформите во правосудството треба да се темелат на стручност, независност и почитување на законите, а не на дневно-политички интереси.
Партијата предупредува дека секое намалување на критериумите или попуштање под притисоци може дополнително да ја наруши состојбата во судството, кое и онака со години е една од најкритикуваните области во државата.
Во јавноста веќе подолг период се води дебата околу условите и начинот на полагање на правосудниот испит, како и потребата од реформи во правниот и судскиот систем.
-
Маврово и ростушеПред 7 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки