Македонија
Минатата година македонската дијаспора во земјава уплатила околу 310 милиони евра
Toa претставува околу 2% од бруто домашниот производ (БДП). И покрај тоа што земјата бележи суфицит, податоците покажуваат намалување на личните дознаки во последните години — од 331 милион евра во 2022 година, на 319 милиони во 2023 и 310 милиони евра во 2024 година.
Во споредба со земјите од регионот, Србија предничи со дотации од 4,47 милијарди евра, по што следуваат Босна и Херцеговина (1,99 милијарди), Косово (1,32 милијарди), Албанија (1,28 милијарди) и Црна Гора (345 милиони евра).
Од земјите на Европската унија, Хрватска, Бугарија и Португалија се издвојуваат со позитивен биланс кај личните трансфери, додека Малта, Кипар, Белгија, Грција, Шпанија и Франција бележат дефицит.
Според „Евростат“, жителите на ЕУ во 2024 година испратиле 52,1 милијарди евра кон земји надвор од Унијата, што е зголемување од 6% во однос на 2023 година. Во исто време, приливот на дознаки во рамките на ЕУ изнесува 14,8 милијарди евра, што е пораст од 7%. Во последните пет години, одливот на лични пари пораснал за 51%, додека приливот расте поспоро — за 26%, што го зголемува негативниот биланс на ЕУ на 37,3 милијарди евра.
-
Маврово и ростушеПред 8 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки