Connect with us

Спорт

Трагедија го потресе фудбалскиот свет – Диого Жота, фудбалерот на Ливерпул, загина во сообраќајна несреќа.

Напаѓачот на Ливерпул и член на португалската национална селекција, Диого Жота, трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи во Шпанија, потврдија тамошните власти. Во трагедијата, покрај 28-годишниот Жота, животот го загуби и неговиот помлад брат Андре, кој исто така беше професионален фудбалер.

Инцидентот се случил изминатата ноќ во провинцијата Замора, кога автомобилот „ламборгини“ со кој управувале браќата излетал од коловозот и се запалил.

„Според досегашните информации, несреќата се случила поради пукање на гума за време на претекнување, по што возилото ‘ламборгини‘ излетало од патот. Настанот се случил околу 1:30 часот по средноевропско време, во општината Сернадиља, во покраината Замора. Автомобилот се запалил, а двајцата патници починале“, информираше Шпанската цивилна гарда.

Англиските медиуми јавуваат дека Диого Жота неодамна, пред две недели, се оженил со својата долгогодишна партнерка Руте Кардосо, со која има три деца. Тој бил на одмор по завршувањето на сезоната во која му помогна на Ливерпул да ја освои својата 20-та титула.

Жота, роден во Порто, започнал да се занимава со фудбал на деветгодишна возраст, а во 2013 година станал дел од Пакош де Фереира, дебитирајќи во португалската лига во 2015. Следната година преминал во Атлетико Мадрид, кој го испратил на позајмица во Порто, а потоа и во Вулверхемптон. Во 2018 станал официјален играч на Вулверхемптон, а во 2020 се преселил во Ливерпул, каде што се истакна како еден од најопасните напаѓачи, постигнувајќи 47 голови во Премиерлигата.

Со Ливерпул настапи во финалето на Лигата на шампионите во 2022 година, а освои и ФА куп и Лига куп. За португалската репрезентација одигра 49 натпревари и постигна 14 голови, а со тимот ја освои Лигата на нации во 2019 и 2025 година.

„Фудбалскиот клуб Ливерпул е длабоко потресен од трагичната смрт на Диого Жота. Клубот е информиран дека тој и неговиот брат Андре го загубиле животот во сообраќајна несреќа во Шпанија. Во овој момент, клубот нема да дава дополнителни изјави и апелира до јавноста да ја почитува приватноста на семејството, пријателите и соиграчите на Диого и Андре додека се справуваат со оваа огромна загуба“, се вели во соопштението на англискиот шампион.

Сподели на:
Маврово и ростушеПред 8 саати .

Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски

НекатегоризираноПред 1 недела .

Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки

МакедонијаПред 1 недела .

Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“

СветПред 1 недела .

АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР

МакедонијаПред 1 недела .

Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите

Маврово и ростушеПред 2 недели .

Над 3 милиони денари вложени во основните училишта во Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 2 недели .

Напредуваат градежните активности на патот за с. Рибница

Маврово и ростушеПред 2 недели .

Сафет Алили ја најави својата прва книга „Позитивна мисла – Водич низ животот“

Локален туризамПред 1 month .

Успешно затворено Светското првенство во риболов на крап во Маврово

Маврово и ростушеПред 2 months .

Среќен почеток на учебната 2026/2027 година во Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 7 months .

Несекојдневна глетка: Мечка и мали мечиња се капат во Радика

КошаркаПред 7 months .

Видео: Тинејџер од Далас испиша историја – урна рекорд што го држеше Леброн Џејмс

КошаркаПред 7 months .

Дончиќ експлодира, Леброн испиша историја: Лејкерс во серија од 8 победи

СпортПред 5 months .

Баерн подготвен за сите сценарија против ПСЖ: Клучен меч во Лигата на шампионите

СпортПред 1 year .

Перез уверен: Во Ред Бул се каат што ме отпуштија!

СпортПред 7 months .

Официјално: Џенаро Гатузо повеќе не е селектор на Италија по историскиот дебакл

СпортПред 5 months .

Мурињо повторно на „Бернабеу“? Реал Мадрид започнал преговори со португалскиот стратег

СпортПред 1 year .

Историска победа за Норис во Абу Даби – Мекларен по 26 години повторно шампион!

АвтомобилиПред 5 months .

Audi го откри ентериерот на новиот Q9: Луксуз, технологија и простор во едно

СпортПред 5 months .

Серхио Рамос станува сопственик на Севилја? Шпанските медиуми објавија договор вреден 450 милиони евра

Trending