Маврово и ростуше
Галичка свадба 2026: Градоначалникот им честиташе на младенците и ја истакна важноста на традицијата
Градоначалникот м-р Онер Јакупоски на традиционалната Галичка свадба.
Честитки за младенците Мартина и Александар.
Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, м-р Онер Јакупоски, денес присуствуваше на надалеку познатата традиционална манифестација „Галичка свадба“, каде што годинава во светот на бракот стапија младенците Мартина Михајлова и Александар Пендароски.
Оваа автентична традиција на Мијачкиот регион, и оваа година привлече огромен број посетители.
На свеченоста во Галичник присуствуваше и Претседателката на Р. Македонија, Гордана Силјаноска-Давкова, како и бројни високи гости, дипломати и туристи од земјата и странство, кои имаа можност да уживаат во неповторливите свадбарски обичаи, традиционалните носии и звуците на зурлите и тапаните.
Градоначалникот Јакупоски упати срдечни честитки до младоженците, посакувајќи им долг, среќен и бериќетен заеднички живот, исполнет со љубов и меѓусебно почитување. Исто така, тој ја истакна важноста на Галичката свадба како клучен столб на културно наследство и истакна дека Општина Маврово и Ростуше секогаш силно ќе ги поддржува манифестациите кои ги негуваат и промовираат вредностите пред светот.
-
Маврово и ростушеПред 8 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки