Македонија
(ВИДЕО)Голем пожар ја зафати шумата кај Длабочица – вклучени повеќе екипи во гаснење
Голем пожар избувна во попладневните часови во селото Длабочица, во општина Старо Нагоричане, зафаќајќи мешана и борова шума, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во акцијата за гаснење се вклучени:
- Пет вработени од „Национални шуми“
- Осум пожарникари од ТППЕ Старо Нагоричане
- Пет пожарникари и две возила од ТППЕ Ранковце
Командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Далибор Трајковски, изјави дека:
„Пожарот започна по 13 часот. На терен излеговме со две противпожарни возила, а помош ни пристигна и од Ранковце. Гаснењето продолжи и утринава со дополнителни екипи од Куманово.“
Пожарникарите и шумската служба и денес се на терен, работат на локализирање и спречување на проширување на огнот, бидејќи теренот е тежок и исполнет со сув материјал.
-
Маврово и ростушеПред 9 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки