Connect with us

Маврово и ростуше

Повереник – Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, ја посети Присојница.

– Градежни активности.

– ⁠Дијалог со месното население

Повереник – Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, изврши теренска обиколка на градежните работи кои се одвиваат во населеното место Присојница.

Целта на посетата беше увид во динамиката на градежните активности за проектите кои се од витално значење за подобрување на локалната инфраструктура.

Со изградбата на потпорните ѕидови драстично ќе се прошират селските локални патишта со што ќе се овозможи полесен пристап до секој дом во ова населено место.

За време на престојот во Присојница, Јакупоски оствари информативни средби со месното население, каде во директен разговор беа разменети мислења за идните приоритетни проекти кои треба да го подобрат квалитетот на живот во ова село.

Како еден од клучните заклучоци од средбата беше најавата од потреба за формирање на месната заедница во Присојница, која повеќе од две години не функционира.

Овој важен процес е планирано да се официјализира околу новогодишните празници, период кога бројната дијаспора се враќа во родниот крај.

Целта е сите граѓани, вклучително и оние кои работат во странство, да бидат активно вклучени во одлучувањето и легитимното претставување на интересите на Присојница.

„Нашата мисија е инклузивност. Сакаме кога дијаспората ќе биде тука, заеднички да ја поставиме новата структура на месната заедница и да ги дефинираме проектите за следната година. Гласот на секој жител на Присојница е важен,“ изјави Јакупоски.

Општината продолжува со засилено темпо на работа, ставајќи ги потребите на граѓаните на прво место.


Извор: Facebook страна на Општина Маврово и Ростуше

Сподели на:
Маврово и ростушеПред 9 саати .

Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски

НекатегоризираноПред 1 недела .

Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки

МакедонијаПред 1 недела .

Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“

СветПред 1 недела .

АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР

МакедонијаПред 1 недела .

Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите

Маврово и ростушеПред 2 недели .

Над 3 милиони денари вложени во основните училишта во Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 2 недели .

Напредуваат градежните активности на патот за с. Рибница

Маврово и ростушеПред 2 недели .

Сафет Алили ја најави својата прва книга „Позитивна мисла – Водич низ животот“

Локален туризамПред 1 month .

Успешно затворено Светското првенство во риболов на крап во Маврово

Маврово и ростушеПред 2 months .

Среќен почеток на учебната 2026/2027 година во Маврово и Ростуше

Маврово и ростушеПред 7 months .

Несекојдневна глетка: Мечка и мали мечиња се капат во Радика

КошаркаПред 7 months .

Видео: Тинејџер од Далас испиша историја – урна рекорд што го држеше Леброн Џејмс

КошаркаПред 7 months .

Дончиќ експлодира, Леброн испиша историја: Лејкерс во серија од 8 победи

СпортПред 5 months .

Баерн подготвен за сите сценарија против ПСЖ: Клучен меч во Лигата на шампионите

СпортПред 1 year .

Перез уверен: Во Ред Бул се каат што ме отпуштија!

СпортПред 7 months .

Официјално: Џенаро Гатузо повеќе не е селектор на Италија по историскиот дебакл

СпортПред 5 months .

Мурињо повторно на „Бернабеу“? Реал Мадрид започнал преговори со португалскиот стратег

СпортПред 1 year .

Историска победа за Норис во Абу Даби – Мекларен по 26 години повторно шампион!

АвтомобилиПред 5 months .

Audi го откри ентериерот на новиот Q9: Луксуз, технологија и простор во едно

СпортПред 5 months .

Серхио Рамос станува сопственик на Севилја? Шпанските медиуми објавија договор вреден 450 милиони евра

Trending