Маврово и ростуше
Градоначалникот Онер Јакупоски домаќин на ученици од ОУ „Хајан Селмани“
Градоначалникот, М-р. Онер Јакупоски беше домаќин на учениците од ОУ „Хајан Селмани“
Денеска, просториите на Општина Маврово и Ростуше беа исполнети со насмевки, радост и љубопитност.
Градоначалникот, М-р Онер Јакупоски беше домаќин на учениците од ОУ „Хајан Селмани“, од училишните објекти во Ростуше, Требиште и Велебрдо.
Целта на оваа посета беше учениците одблизу да се запознаат со институцијата која се грижи за нивната општина.
За време на средбата, градоначалникот на едноставен и разбирлив начин ги запозна учениците со секојдневната работа на општинската администрација, начинот на донесување одлуки и клучните ингеренции на општината во областите како образованието, инфраструктурата и заштитата на животната средина.
„Вашата енергија и желба за знаење се најголемиот поттик за нашата работа. Општината е ваш сервис и секогаш е отворена за вашите идеи,“ истакна градоначалникот Јакупоски, упатувајќи им срдечни желби за многу успех, високи оценки и посветеност во нивниот понатамошен образовен процес.
-
Маврово и ростушеПред 8 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки