Маврово и ростуше
Емир Мирто именуван за нов директор на ООУ „Хајан Селмани“ – Ростуше
Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски донесе Решение за избор на директор на Основното општинско училиште „Хајан Селмани“ во село Ростуше.
За нов директор на оваа образовна установа е именуван Емир Мирто, досегашен учител по одделенска настава со долгогодишно искуство во воспитно-образовниот процес.
При врачувањето на решението, Градоначалникот му честиташе на новиот директор, истакнувајќи ја неговата досегашна посветеност како просветен работник.
Градоначалникот Јакупоски му посака успешна работа, многу енергија за справување со предизвиците и акцент на внесување иновации и подигнување на квалитетот во образованието.
Локалната самоуправа останува посветен партнер на училиштето „Хајан Селмани“ во сите идни проекти насочени кон подобрување на условите за учениците и наставниот кадар.


-
Маврово и ростушеПред 9 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки