Маврово и ростуше
Продолжуваат инфраструктурните активности во Општина Маврово и Ростуше
Продолжуваат инфраструктурните активности низ сите населени места во Општина Маврово и Ростуше. Согласно програмските определби на градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше м-р Онер Јакупоски, на терен интензивно се работи на поплочување, санација, проширување и реконструкција на локалните патишта и улици.
Воедно, се врши уредување на локациите каде што се поставени контејнерите за собирање смет и друг комунален отпад, со цел подобра хигиена и поуредена животна средина. Локалната самоуправа и во иднина ќе продолжи со исто темпо и посветеност да ги решава секојдневните предизвици и проблеми со кои се соочуваат нашите граѓани, обезбедувајќи подобри услови за живот за сите.