Маврово и ростуше
Над 3 милиони денари вложени во основните училишта во Маврово и Ростуше
Повеќе од 3.000.000 денари инвестирани во општинските основни училишта
Образованието е високо на агендата на градоначалникот м-р Онер Јакупоски
Општина Маврово и Ростуше продолжува со интензивни вложувања за модернизација и подобрување на условите во воспитно-образовниот процес.
По директна насока и иницијатива на градоначалникот м-р Онер Јакупоски, за општинските основни училишта се реализираше инвестиција во вредност од над 3.000.000 денари.
Со овие средства сите општински основни училишта се опремени со современа наставна технологија, кабинетска опрема и дидактички материјали, меѓу кои:
Интерактивни паметни панели за современа, интерактивна и дигитализирана настава;
Нови микроскопи и лабораториска опрема за практична примена и истражувачка работа во природните науки;
Современи географски карти и математички комплети кои овозможуваат визуелно и полесно совладување на сложените наставни содржини;
Специјализирани спортски реквизити и заштитна опрема за подобрување на часовите по физичко и здравствено воспитание;
Разновидни нагледни средства и наставни помагала прилагодени на потребите на сите ученици, со фокус на инклузивноста.
Развојот на образованието и создавањето современи, стимулирачки услови за учење остануваат еден од главните приоритети на општинското раководство.
„Вложувањето во нашите деца и во младите генерации е вложување во иднината на целата наша општина. Наша цел е на секое дете во Маврово и Ростуше да му обезбедиме еднакви, современи и квалитетни услови за образование, рамо до рамо со светските стандарди“, истакна градоначалникот м-р Онер Јакупоски.
Општина Маврово и Ростуше продолжува со реализација на проекти кои го поддржуваат наставниот кадар и им овозможуваат на учениците полесно, поинтересно и поефикасно усвојување на новите знаења.
-
Маврово и ростушеПред 7 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки