Спорт
Скандал во Шпанија: Јамал ангажирал лица со џуџест раст за роденденска забава
Ламин Јамал, младата фудбалска ѕвезда на Барселона, неодамна го прослави својот 18-ти роденден со голема забава на која присуствуваа бројни соиграчи и пријатели. Роденденската прослава, која се одржа изминатиот викенд и собра околу 100 гости, предизвика голем скандал во шпанската јавност.
Според шпанските медиуми, на забавата било строго забрането користење на мобилни телефони и снимање, но сепак, фотографии од пред роденденското случување излегоа во јавноста. На нив се гледа дека Јамал за роденденот ангажирал лица со џуџест раст, што предизвика силен револт кај јавноста и здруженијата за права на лица со инвалидитет.
Шпанската Асоцијација за личности со ахондроплазија и други коскени дисплазии (АДЕЕ) осуди таквата практика и најави дека ќе преземе правни чекори против фудбалерот, со цел да се заштити достоинството на лицата со инвалидитет и да се зачуваат вредностите на еднаквост и почит во општеството.
Претседателката на АДЕЕ, Каролина Пуенте, изјави:
„Апсолутно е неприфатливо во 21 век лица со џуџест раст да се користат како забавни атракции на приватни настани.“
Скандалот отвори голема дебата во шпанското општество за правата и почитувањето на лицата со посебни потреби и значењето на социјалната одговорност на јавните личности.
-
Маврово и ростушеПред 8 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки