Некатегоризирано
Јавен повик до реканската дијаспората за престојната летна сезона
ЈАВЕН ПОВИК ОД РЕКАНСКАТА ДИЈАСПОРА
ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ КРАЈОТ КОЈ НÈ РОДИЛ
Почитувани пријатели, сограѓани и гости ,
Ние, припадниците на Реканската дијаспора, кои секое лето со љубов се враќаме во родниот крај, чувствуваме обврска и одговорност да упатиме пријателски, но сериозен апел:
Во последниот период е забележан зголемен број на квадови и мотори низ нашите села и планини. За жал, веќе има и сообраќајни инциденти, нарушен јавен ред, како и штета врз природата и селската инфраструктура.
Најголем дел од сопствениците на вакви возила сме токму ние – гурбетчиите. Затоа, искрено ги повикуваме сите наши луѓе да покажат почит и одговорност, исто како што тоа секојдневно го прават во државите каде што живеат и работат.
Ве замолуваме:
Возете внимателно и одговорно
Намалете ја бучавата – луѓето сакаат мир
Почитувајте ги жителите и нивните домови
Чувајте ја природата – таа е наше заедничко богатство
Река нè обединува! Да покажеме дека знаеме да сакаме, да чуваме и да се грижиме – не само кога сме далеку, туку и кога сме дома.
Со почит и љубов,
Реканската дијаспора
https://www.facebook.com/rekanskadijaspora
-
Маврово и ростушеПред 8 саати .Маврово и Ростуше: Отчет за работата на градоначалникот Онер Јакупоски
-
СветПред 1 недела .АЛАРМ ПО НОВ СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ НА ЧУМА ВО РУСИЈА: СЗО ИСПРАЌА БАРАЊЕ, ТРАМП НАЈАВИ РАЗГОВОР
-
МакедонијаПред 1 недела .Муцунски и Петрова утре на средба во Софија за деблокада на ЕУ интеграциите
-
МакедонијаПред 1 недела .Ѓорѓиевски: Во тек е целосна реконструкција на паркот „Жена Борец“
-
НекатегоризираноПред 1 недела .Вучко од Ростуше со нова веб-страница и онлајн нарачки